Радио Милева

Хаос во „Гранд“: Саша Поповиќ на Шерифовиќ и подари коза за роденден – еве ја нејзината реакција

Хаос во „Гранд“: Саша Поповиќ на Шерифовиќ и подари коза за роденден – еве ја нејзината реакција

Секоја сабота на Канал 5 телевизија се емитува емисијата „Ѕвездите на Гранд“, а во последната имаше неочекувано изненадување.

Имено, во претходната емисија на Марија Шерифовиќ и беше роденден и таа побара подарок од Саша Поповиќ, а директорот на „Гранд“ одлучи да и ја исполни желбата.

Саша одлучи на Марија да и подари коза која се вика Бијонсе. Марија кога ја виде го праша што планира да прави со животното, a Саша и објасни на пејачката дека може да ја чува козата пред зграда за да им помага на соседите.

Марија констатираше дека овој подарок треба да биде на Јелена бидејќи таа секојдневно се бори за правата на животните.

Карлеуша дури му се закани на Поповиќ доколку нешто и се случи на козата ќе одговара тој лично.

Останати вести од Радио Милева