Познатиот американски актер Бред Пит ги изненади жителите на Брисел кои го зачекаа за време на ноншалантна прошетка низ нивниот град.
Актерот лежерно прошета низ главниот град на Белгија и истовремено ги посети локалните туристички атракции, како и музеите.

фото:профимедиа
Тој носеше широки панталони, кошула, очила и маска, а она што на многумина им го привлече вниманието беше дека славниот актер ја пуштил косата и сега носи опавче.

фото:профимедиа
Бред пристигна во Брисел за да присуствува на отворањето на изложбата на неговиот пријател, а папараците го сликаа благодарение на дојава, пренесува порталот „Брисел Тудеј“. Фановите на Пит веднаш се собраа пред хотелот во кој престојуваше, во надеж дека ќе го пречекаат.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.