Радио Милева

Хана најмногу му се радува: Тамара Тодевска има нов член во домот (фото)

Хана најмногу му се радува: Тамара Тодевска има нов член во домот (фото)
фото: Мартинтрајановски

Поради пандемијата со коронавирусот, естрадните уметници подолго време се без настапи, а меѓу нив и македонската пејачка Тамара Тодевска.

Таа слободното време го користи за да ужива со своето семејство, односно сопругот  Александар и децата Хана и Дарен.

Како што истакна неодамна во едно интервју, Хана и Дарен се палави и многу активни деца кои по дома прават вистинска забава и хаос.

Пејачката редовно на „Инстаграм“ објавува фотографии или видеа од децата кои се преслатки, а Хана со својата харизма, забава ќе ве освои на прва и ќе насмее.

Деновиве, во семејство на Тодевска пристигна нов член на кој најмногу му се радува Хана.

Имено, Тамара во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели како Хана во раце го држи мачето, а пејачката побара од следбениците да дадат предлог за име.

„Кај гледаш бе ти? Загреотка си….муабети со новото маче…. Дајте идеја за име, Хана сакала Горгија“, пишува во описот.

фото: Инстаграм

На другата пак фотка, Хана позира заедно со новиот член на семејството и изгледа преслатко.

фото: Инстаграм

Веруваме, дека новото маче ќе донесе многу љубов и позитивна енергија во домот на Тамара.

Останати вести од Радио Милева