Радио Милева
гавазова во поход

„Хало“… Белград: Во паника „Гранд“ и останатата фолк тарапаана – доаѓа Сузана! (ФОТО)

„Хало“… Белград: Во паника „Гранд“ и останатата фолк тарапаана – доаѓа Сузана! (ФОТО)

Долго размислуваше и реши да тргне во музички поход. Домашниот веќе оддамна е покорен, па на ред  да се освои е пазарот на северниот сосед. За овој свој нов музички подвиг таа одбра екипа од најдобрите. Затоа и Белград е во паника. Сека, Рада, Дара… исплашени… заедно со се’ останатата „Гранд“ тарапаана, зашто од југот доаѓа Сузана… Гавазова!

Со ново видео за првата песна на српски насловена „Хало“,  сексапилната струмичанка одовде носи „експлозивна комбинација“ со најдоброто од себе.

Својот сугестивен вокал, извајаното тело со сето она што мајката природа ја надарила, а таа го надградила, преку бујните и раскошни атрибути однапред и одзади, до долгите нозе… Пакет за успех кој гледачите ги лепи за ТВ екранот!

Тимот кој работи за неа, како и пејачката – врвен. Драган Брајовиќ – Браја – „трејд марк“ име кое ги потпишува хитовите и текстовите на најголемите музички ѕвезди како Марија Шерифовиќ, Драгана Мирковиќ, Лепа Брена… Тука е и Харис Дубица, „швајцарскиот балканец“ кој ги режирал спотовите и филмот за Лепа Брена. Музиката и аранжманот – дело на уште едно квалитетно име: Дениал Исламчевиќ. Се на се’ – „ол стар“ екипа во естрадниот шоу бизнис.

А во видеото за „Хало“,  Гавазова како и обично, дава се’ од себе… И вокално и визуелно!

Како што и самата вели, за остварувањето на својот сон! Ќе го претвори ли преку ноќ во јаве? Едвај чекаме да видиме!

Дотогаш, „Хало“ , Белграде… Порака до сите твои фолк ѕвезди: Која може нека се „спасува“, доаѓа Гавазова!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on