Радио Милева
Прекрасна

Хали Бери во магично издание на Оскар: Во шестата деценија пленеше со изгледот и новата фризура (фото)

Хали Бери во магично издание на Оскар: Во шестата деценија пленеше со изгледот  и новата фризура (фото)
фото:хали бери/инстаграм принтскрин

Холивудската актерка Хали Бери (54) на 93-тото доделување на филмските награди Оскар привлече големо внимание, како со фигурата во фустанот што изгледаше прекрасно, така и со необичната фризура.

Хали се одлучила за гламурозен фустан во виолетова нијанса, со лелеава ткаенина, тул и деколте што го одзема здивот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Таа ги истакна своите облини, но, сепак, дури и од нејзиното заносно тело, фризурата привлече поголемо внимание.

Хали имаше кратка боб со бебешки шишки, што многумина го карактеризираа како смел избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Оваа престижна награда Хали ја доби во 2002 година за филмот „Monster Ball“, а на најновото доделување пристигна во друштво на нејзиниот партнер, музичарот Ван Хант.

Останати вести од Радио Милева