Радио Милева

Грст честитки пристигнаа на адреса кај Елена Миленковска: „Толку многу причини имам да го славам секој ден од животот, а не само овој ден“

Грст честитки пристигнаа на адреса кај Елена Миленковска: „Толку многу причини имам да го славам секој ден од животот, а не само овој ден“
фото: принтскрин/инстаграм

За македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, оваа година тргна повеќе од одлично.

Имено, на почетокот на годината таа заплива во брачните води со нејзиниот колега, исто така учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Гуте Маринковиќ.

Во јуни оваа година, Елена и Гуте станаа родители на нивното прво дете, односно синот Максим. А откако се случи пандемијата со коронавирусот тие уживаат во заедничкото време во нивниот стан во Србија.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, деновиве Елена имаше убав повод за славење, односно нејзиниот 27 роденден, а како што истакна самата веќе има се’ што посакала и преубави работи и се случиле на нејзините  години.

Миленковска својот роденденски ден го помина во друштво во нејзиниот сопруг Гуте и Максим на заеднички ручек.

фото: принтскрин/инстаграм

Таа на својот „Инстаграм“ објави неколку заеднички фотографии од роденденската прослава, а во опсиот напиша:

„На овие фотографии се наоѓа се’ што себеси би си посакала за својот 27 роденден. Повеќе не ми треба. Само кога ќе помислам колку убави работи ми донесе 26та година од мојот живот. Тогаш ќе се насмеам и си велам колку сум среќна личност. Претходната година за мојот роденден добив прстен од господинот од мојата лева страна, подоцна тој господин стана мој сопруг а јас госпоѓа Маринковиќ, а пред само три месеци ни се придружи овој мал господин.

Толку многу причини имам да го славам секој ден од животот, а не само овој ден. Ти благодарам семејство за овој прекрасен ден. Ве сакам и среќна сум што ве имам.Среќен ми роденден“ пишува пејачка.

фото: принтскрин/инстаграм

Во кусите приказни на „Инстаграм“ се нижеа честитки за нејзиниот роденден.

Потсетуваме, Елена и оваа година беше дел од „Ѕвездите на Гранд“, но поради својата бремност го напушти шоуто.

Среќен роденден!

Останати вести од Радио Милева