Радио Милева

Грст честитки од сите страни: Шеф Никола од „Брза кујна“ имаше убав повод за славење

Грст честитки од сите страни: Шеф Никола од „Брза кујна“ имаше убав повод за славење
фото: фејсбук

Кон средината на месец јули, екипата на „Брза кујна“, водителката Александра Илиевска и шеф Никола и шеф Марк се простија од гледачите на кратко, па заминаа на летен одмор.

Пред заминувањето на летен одмор, шеф Никола стави потпис во матично и заплива во брачните води со неговата веќе сопруга  Стефанија.

фото: фејсбук

Никола и Стефанија имаат убав повод за радување, односно саканата на шеф Никола е бремена и наскоро ќе се реазлираат во улога на родители.

фото: фејсбук

Меѓутоа, пред да стигне новиот член во семејството, шеф Никола имаше друга причина за славење односно неговиот роденден.

На неговиот ѕид се нижеа честитки од страна на неговите пријатели, а посебна честитка доби од неговата сопруга која сподели видео со заеднички фотографии, а во описот напиша:

„Те сакам повеќе од вчера, но помалку од утре. Од ден на ден мојата љубов кон тебе е поголема отколку што некој може да замисли. Среќен роденден душо и сите сме тука да те подржиме твоите желби да станат реалност“ напиша сопругата на шеф Никола.

Останати вести од Радио Милева