Радио Милева

Гордост на тато: Тони Зен за првпат го покажа синчето Јасен (фото)

Гордост на тато: Тони Зен за првпат го покажа синчето Јасен (фото)
фото:тони зен/инсатграм

Кон почетокот на месец април во медиомите беше објавено дека Тони Петковски или попознат како Тони Зен, не само што се оженил, туку станал и татко.

Извесен период Тони е целосно повлечен од јавниот живот, односно експонирањето пред очите на јавноста, а исклучок се неговите настапи како диџеј.

Имено, набрзо по бракот со неговата избраничка Валентина Јованова, тие станаа горди родители на синче кое до носи името Јасен.

ФОТО ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ/1ТВ

Бебенцето сега има околу два месеси, а гордиот тато Тони иако не практикува да биде активен на социјалните мрежи, овој пат за својот наследник направи искулучок, па реши на сите да им го покаже своето слатко и насмеано бебенце.

фото:инсатграм/тонизен

За фотографиите на Инсатграм профилот доби многу лајкови, и пред се честитки со коментар синот да е здрав и жив и цел живот да ги радува мама и тато.

фото:инсатграм/тонизен

Инаку, кога е во прашање неговата музичка кариера, Тони Зен го издаде својот шести по ред соло албум со наслов „Од изворот на изборот“.