Радио Милева
Среќен роденден

Гордост мамина: Снеже Велков ретко открива детали од приватноста, а овој пат поради роденденот на синчето направи исклучок (фото)

Гордост мамина: Снеже Велков ретко открива детали од приватноста, а овој пат поради роденденот на синчето направи исклучок (фото)
фото:снеже велков/инстаграм принтскрин

Пред 9 години, токму пред Нова Година, на Снеже Велков и се случи најубавото нешто за една жена – стана мајка по вторпат и го доби најубавиот порадок што може да го посака.

Оттогаш помина време, синчето потпорасна, а мама секојдневно има полно срце гордост, среќа, радост, мајчинска љубов…

Кога е работата во прашање, синооката Снеже секогаш е отворена за да сподели детали со јавноста, но кога станува збор за приватноста, таа припаѓа во познатите личности кои се резервирани по оваа тема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Снеже практикува да ги полни профилите на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, но најчесто со фотографии и видеа од својата секојдневна физичка активност или пак такви од приготвените домашни кулинарски остварувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Но роденденот на помалиот син Дарин беше момент за мама Снеже да направи исклучок од своите принципи-  да објави постара фотографија и да напише:

фото:снеже велков/инстаграм принтскрин

-Човечулево денес полни 9 годинки. Мајкин син! Среќен роденден!, пишува Снеже во описот на фотографијата каде во рацете го држи тогаш малото бебенце. Потоа сподели и дека мама си добила празнично подароче на еден таков убав ден.

Потсетуваме, Снеже од 2006 година е во брак со сопругот Дарко и има две синчиња, Дарин и Ален

Останати вести од Радио Милева