Радио Милева

Горда и среќна: Мартина Михајловска во карантин имаше убав повод за славење (фото)

Горда и среќна: Мартина Михајловска во карантин имаше убав повод за славење (фото)
фото: инстаграм

Во април претходната година, некогашната водителка на „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска се реализираше во улогата на мајка.

Мартина и нејзиниот сопруг Виктор Илоски станаа родители на девојче за кое го одбраа името Алана.

Радосните вести на социјалните мрежи тогаш ги сподели среќниот татко кој не ја криеше радоста и среќата што семејството се прошири со еден нов член.

Оттогаш времето на Мартина и Виктор е исполнето со љубов, среќа, радост, незаборавни мигови.

Во текот на вчерашниот ден (26.04.2020), парот имаше убав повод за славење, односно нивната наследничка наполни една година.

Гордата и среќна мајка во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели неколку роденденски фотографии од својата наследничка која позира покрај роденденска торта, а изгледа преслатка и како мала принцеза.

Исто така, моделот на социјалните мрежи објави неколку фотографии од ќерката истакнувајќи дека изминатата година била магична за неа. Под објавата се нижеа честитки и желби за едногодишната Алана.

За потсетување, Мартина и охридскиот бизнисмен Виктор Илоски запливаа во брачните во октомври 2018 година.

фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева