Радио Милева
стариот лисец Гоче, тешко се мести...

Горан Пандев се обидоа да го „предриблаат“ на скриена камера, арно ама… : „Имајте малку респект, каква Индија, попрво ќе се пензионирам!“ (ВИДЕО)

Горан Пандев се обидоа да го „предриблаат“ на скриена камера, арно ама… : „Имајте малку респект, каква Индија, попрво ќе се пензионирам!“ (ВИДЕО)

Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер, македонската фудбалска легенда неодамна во Италија се обидоа да го наместат и насамарат, за да биде нова „жртва“ во скриената камера на телевизијата „Медиасет“.

За целата шеговита местенка да помине според предвиденото сценарио, помогнале капитенот на Џенова, Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.

Корси е тој кој му соопштува на Пандев дека клубот му подготвува трансфер и решил да го продаде во Индија!

Погледнете го видеото со најинтересниот дел од „скриената камера“ на Пандев со превод и реакцијата на македонската фудбалска легенда кога дознава дека клубот „божем“ сака да го продаде, негде џенем, во нефудбалска земја!

Останати вести од Радио Милева