Радио Милева

Горан Бреговиќ го поврзуваа со многу естрадни дами, но ова е неговата прва љубов која ја запознал во стриптиз клуб (фото)

Горан Бреговиќ го поврзуваа со многу естрадни дами, но ова е неговата прва љубов која ја запознал во стриптиз клуб (фото)
фото:горан бреговиќ/инстгарам

Од моментот кога се појави во светот на музиката како тинејџер, па сè до денес, тој беше предмет на обожавање на припаднчките на понежниот пол, а жените сè уште не можат да ги смират своите страсти кон харизматичениот музичар, кој потенцира дека тој живее бурен живот.

Во една прилика, тој рече дека неговата страст кон жените се родила кога имал само 17 години, когасвирел во стриптиз бар и бил горд што имал можност да види повеќе голи жени од неговите врсници во тоа време.

Во тоа време, тој почнал врска со непознатата Јасенка, која ја запознал додека свирел во стрип-клуб. Од таа љубов се роди неговата прва ќерка Жељка и така во своите рани дваесетти години стана татко. Денес таа живее во Австралија и има две деца. Ниту половина век подоцна, покрај музиката, заведувањето и страста за жените не престануваа. Бидејќи започна во „Бијело дугме“, тој не сакаше да се фали за многу убавици во јавноста, но затоа тие зборуваа наместо него. Првата јавна личност која не можеше да одолее на шармот на овој музичар беше актерката Маја Сабијиќ, која призна дека на сетот на филмот „Лични работи“ во 1979 година, останал без здив од нејзината става.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica) on

Таа имаше само деветнаесет години, а Бреговиќ десет години повеќе. Во осумдесеттите години, како новинарка, Алка Вуица дошла во Сараево да направи интервју со член на групата „Бјело дугме“ за загрепскиот магазин „Полет“. Пред самиот почеток на разговорот, Бреговиќ, наводно, и рекол: „Вие не дојдовте за интервју, туку за брак“, што беше почеток на нивните јавни прозивки. Во тоа време, многумина рекоа дека меѓу нив имало тајна врска, а тој наскоро му го посветил славниот хит „Pediculis pubis“, што од преводот од латински значи пубични вошки. Тогаш Алка се налути и не разговараше со Горан долго време. Неколку месеци после тоа, следуваше приказната што ги украси сите наслови на страниците, „Лепа Брена и Горан Бреговиќ на неговата јахта“, беше само еден од насловите во печатот.

Останати вести од Радио Милева