Радио Милева

Голи нозе и нагласен сексапил: Кој е заслужен за изгледот на нашата годинешна евровизиска претставничка?!

Голи нозе и нагласен сексапил: Кој е заслужен за изгледот на нашата годинешна евровизиска претставничка?!

Неделава пред македонската јавност беше претставена евровизиската песна „Lost and Found“ со која групата „Ај Кју“ во месец мај  ќе ја претстави Македонија на изборот за песна на Евровизија во Лисабон.

Песната дојде во пакет заедно со видео спот кој како и музиката звучи и изгледа модерно.

Како за песната, така и за изгледот на претставиниците, кај нас секогаш има простор за дискусија, различни ставови, коментари, пофалби, критики…

Засега се уште е непознато кој ќе ги стилизира „Ај Кју“ на големата евровизиска сцена, но познато е кој беше задолжен за нивниот изглед на спотот.

Станува збор за креации на младиот дизајнер Мите Занов и дизајнерката Јована Филиповиќ, додека пак спојот на парчињата или стајлингот го направи модната новинарка и стилист, Милена Танаскоска, со која групата соработува подолго време.

Дали истиот тим ќе биде задолжен за сценскиот изглед во Лисабон, останува да видиме, а дотогаш погледнете го спотот и преслушајте ја нашата „Lost and Found“.