Радио Милева

Големите српски ѕвезди во 2020 година ќе влезат побогати за неколку илјади евра – еве колку ќе заработат за најлудата ноќ

Големите српски ѕвезди во 2020 година ќе влезат побогати за неколку илјади евра – еве колку ќе заработат за најлудата ноќ
фото: дамир дервишагиќ/зорана јевтиќ/соња спасиќ

За два месеци ќе се одбележи крајот на една и почетокот на новата година, а веќе големите српски ѕвезди ги закажаа своите настапи за најлудата ноќ.

Имено, Цеца Ражнатовиќ, Марија Шерифовиќ, Маја Беровиќ, Слободан Радaновиќ….ќе настапуваат во Белград, а во 2020 година ќе влезат богати за неколку илјадници евра.

фото: Инстаграм

„И ова година најплатена ќе биде Цеца која после новогодишната тезга во хотелот „Мајдан“ ќе биде богата за 80 000 евра. Со Цеца ќе настапува нејзиниот помлад колега Слоба Радановиќ кој ќе добие хонорар 15 000 евра. Во Белград ќе настапува и Маја Беровиќ која за настапот ќе добие 60 000 евра“ вели извор за „Ало“ и додава:

„Марија Шерифовиќ оваа година договори настап за 45 000 евра, а Александра Пријовиќ ќе ги забавува гостите за 35 000 евра“ тврди изворот.

фото: ало

Дарко Лазиќ и Џани за своите настапи ќе заработат по 30 000 евра.

„Дарко ќе пее во ресторанот „Холивуд“  заедно со Дара Бубамара и Слаѓа Алегро која ќе заработи 10 000 евра помалку“ вели соговорникот.

Останати вести од Радио Милева