Радио Милева

Голема радост во домот на македонскиот пејач – далеку од Македонија имаше убав повод за славење

Голема радост во домот на македонскиот пејач – далеку од Македонија имаше убав повод за славење
фото: принтскрин/инстаграм

Македонскиот пејач Дарко Илиевски и неговата сопруга Ивана имаат убав повод за славење и радување.

Имено, пред една година односно на 8 октомври 2019, тие за првпат се реализираа во улогата на родители и нивното мало семејство го доби новиот член, синчето Матео.

„8ми октомври 2019 е најсреќен ден во мојот живот. Мојата кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак.Фала ти сонце мое. Драсги пријатели се роди Матео“, напиша  тогаш пејачот на социјалните мрежи.

Матео, наполни една година, а среќниот татко со радосните вести се пофали на социјалните мрежи.

Имено, во кусите приказни на Инстаграм тој сподели дека неколку честитки кои пристигнаа по повод роденденот на синот.

фото: принтскрин/инстаграм

фото: принтскрин/инстаграм

Среќен роденден на синчето, да е живо и здраво, да ве прави среќни и горди родители.

Потсетуваме, Дарко со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели на Флорида, САД.

Останати вести од Радио Милева