Радио Милева
Накитена...

Гола во постела бела: Лила дозволи да и ѕирнете в кревет за да дознаете, не со кого, туку со што спие водителката? (ФОТО)

Гола во постела бела: Лила дозволи да и ѕирнете в кревет за да дознаете, не со кого, туку со што спие водителката? (ФОТО)

Таа што и да направи, надалеку се слуша, зашто претходно за тоа, наголемо се зборува. Едноставно, магично – привлечна и неодолива е секоја нејзина постапка, секој гест, секој направен чекор, секој кажан збор… Од чаршиските муабети и трач кафињата, па се’ до коментарите на социјалните мрежи и написите во медиумите… Тоа е Лила Филиповска – магнет за нацијата!

И сите сакаат за неа да знаат се’, зашто и покрај 25 години јавна работа, само малкумина знаат што крие најхаризматичната македонска водителка во себе, во своите мисли и своето срце!? Останатите знаат многу малку или само оноа, што таа сака да се знеа за неа. Дозирани информации, за медиумска пропаганда!

А Лила, и медиумите, и социјалните мрежи, и тоа како умешно знае да ги користи… Се разбира, секаогаш се’ што ќе се појави како информација, напишан текст или фотографија, претворајќи го во своја полза! Таква умешност на живеењето кај нас имаат само малкумина други од јавниот свет!

Затоа Лила и понекогаш дозволува да и завират во приватноста… Секако, онолку колку што неа и треба. Душата јавно никогаш не ја отворила до крај, ама затоа неретко со широко отворени очи гледаат во нејзините фотографии и клипчиња, споделени на социјалните мрежи, особено на Инстаграм!

Како и многупати, така и овој пат, Лила дозволи да и ѕирнете в кревет и тоа не случајно. За да дознаете не со кого, туку со што спие водителката?

А таму, таа гола во постела бела, со шолја чај за да се загрее пред да… заспие, белким?! Освен ако нема некаков друг план или не е во некоја посебна прилика?! Зашто на фотографијата така некако изгледа… Како чајот да е загревање, ама не за сон… Зашто на неа, Лила е баеги накитена за пред спиење! Ептен свечано, како невеста пред прва брачна ноќ!

„Кој вика дека накит се носи само во свечени прилики. Секоја прилика може да биде свечена, ако така одлучиш…Особено ако тој накит е златен и доаѓа од најдобрите…“ – напишала Лила па го споделила постот покрај фотографиите од белата постела.

И не дека не е во право! Намерата јасна, целта постигната, само приликата остана некако недефинирана: „Дали секое легнување треба да ти биде свечено? Или зависи од тоа со КОГО или со ШТО легнуваш?  Дали веќе накитена или легнуваш за да те… „накитат“?

 

Останати вести од Радио Милева