Радио Милева
сестрана и вешта жена

Гога живее во склад и хармонија со природата, а готви како Џејми Оливер (ВИДЕО)

Гога живее во склад и хармонија со природата, а готви како Џејми Оливер (ВИДЕО)

Неа ја знаат сите… И студентите и професорите и политичарите и обичниот народ… Едни како професорката, други како колешката од факултетот, од парламентот, од претседателската трка… Но, веројатно малкумина, освен оние кои и лично ја познаваат, знаат дека проф. Гордана Сиљановаскка Давкова е сестрана жена.

Освен науката и политиката, пошироката јавност  почна полека да ги открива и нејзините останати квалитети, спосиобности, можности… Од оние духовните, физичките, забавните, домаќинските…

Имено, кандидатот за пратеник и носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, покрај тоа што ја запознаа како Гога – Јога, заради нејзиното практикување на вештината за хармонијата на телото и духот, неодамна јавноста откри дека Гога е апсолутно во тек со времето, современите технолигии, социјалните мрежи, новите апликации… Па така сите дознаа дека професорката Сиљановска -Давкова е првиот македонски политичар што има „Тик  Ток“ апликација, која не ја користи само за танцување, како повеќето други припаднички на понежниот пол, туку и за малку посуштинска „гимнастика на умот“.   Едукативно-промотивни активности како што е промоцијата на програмата Проект – Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, со која настапуваат на претстојните парламентарни избори, младите и нивниот живот, воспитувањето, образованието, проблемите, потребите, нивните сфери на интерес…

А кога сме веќе кај танцувањето, на Гога не и треба Тик -Ток за другите да ги фрли во сенка и остави во шок. Впрочем сите видоа дека професорката е „ѕвезда на танцот“. Твист, рок ен рол, диско… елеганција во секој чекор, совршен сенс за ритам и ритмички движења со звуците на музиката, професорката поденакво добро го владее танувањето како и правото и политиката.

Но, она што уште не сте го знаеле за неа е нејзиниот начин на живот во склад и хармонија со природата. Дека е тоа така, откри покажувајќи ја својата мала, како што самата ја нарекува, „Бабина градина“, среде урбана средина, во градот, на својата тераса. Таа како вегетаријанец, речиси целокупните свои потреби за зеленчук ги задоволува одгледувајќи го во вид на органска храна во својата мала урбана зелена градина. Домати-јабучари, тиквички, целер, морков, босилек… И уште десетина други лековити билки или зачини.

Не случајно таа вели дека Македонија ја замислува како земја на здрава и органска храна, во која туризмот и културата ќе бидат на едно место, зашто ако се грижиме за природата, ќе се грижиме и за сопственото здравје.

Но, дека сето ова не се само празни зборова за рекламна кампања, како што тоа го прават нејзините политички опоненти, , популарната „Гога – Јога“ покажа во пракса, кога во живо демонстрираше како изгледа нејзиниот живот во склад со даровите од природата, па од чистите органски продукти, таа ги зготви еден од нејзините специјалитети: Вегетаријанска мусака од тиквички и сирење.

За локација ја избра одново прекрасната природа на кањонот Матка во околината на Скопје, па вредната професорка покажа дека не е само врвен танчер, туку и готви како Џејми Оливер. Впрочем и светски познатиот готвач има своја мала органска градина, па токму со продуктите од својата, Гога го подгови својот ручек на зелаената падина.

„Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби и затоа сум вегетаријанка“ – напиша Силјановска – Давкова па го откри рецептот за својот вкусен вегетаријански специјалитет.

„Секоја чест… професорка,  политичар, жена, мајка, домаќинка и вистинска Македонка“ – беа само некои од стотиците коментари кои ги доби под објавеното видео на социјалните мрежи.

Останати вести од Радио Милева