Радио Милева

Годинава беше матурантка, а сега ќерката на Сузана Турунџиева му кажа „Да“ на своето момче (видео)

Годинава беше матурантка, а сега ќерката на Сузана Турунџиева му кажа „Да“ на своето момче (видео)

Годинава ќерката на Сузана Турунџиева славеше матура и полнолетство, а ова лето ќе го памети и по предлогот за брак и свршувачката која и ја понуди нејзиното момче Филип Наунов.

Ваквата вест на социјалната мрежа Фејсбук ја објави среќната мајка која напиша:

-Животот никогаш не ми даде трошка време да се припремам ни за тагата, ни за радоста.. Нека биде радост! Доста беше тага.. Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне – напиша таа.

Видеото од чинот на запросувањето кое се случило во интимна атмосфера покрај базен ја објави заљубениот Филип кој гордо се пофали дека ја побарал раката на својата сакана Лора.

Инаку,според информациите на Фејсбук идниот зет на Турунџиеви има 24 години и студира медицина, а пак невестата допрва треба да го започне високото образование.