Радио Милева

Гоца Тржан со емотивна порака за својата ќерка: „Се бореа за мојот живот, не чувствува болка, не чувствував страв – само гледав во тебе“

Гоца Тржан со емотивна порака за својата ќерка: „Се бореа за мојот живот, не чувствува болка, не чувствував страв – само гледав во тебе“
фото: Инстаграм/гоце тржан

Ќерката на Гоца Тржан и Иван Маринковиќ наполни 13 години, а пејачката и се обрати со емотивна порака со која ги разнежи сите.

Пејачката на својот „Инстаграм“ објави фотографија со ќерката Лена и откри дека за време на породувањето и бил загрозен животот.

„Пред 13 години точно во ова време се подготвував да те донесам на овој свет, беше мирна и не ти се брзаше, и дури во 20:05 го слушнав твојот глас и ги видов твоите очи. Заплака два пати, потоа те ставија до мене и ме гледаше. Не чувствував ни болка, ни страв кога докторите паничија да ми го спасат животот, само гледав во тебе со чувство на припадност“, напиша пејачката и додава:

„Исто така те гледам и денес, со љубов, гордост, понекогаш со сомнеж дека не правам нешто што не треба…и грешам. Единствено нешто во што сум сигурна е дека ќе те сакам засекогаш, дека ќе бидеш моја најголема радост и болка и дека твојата прегратка ќе прави најсреќна во целиот универзум“.

„Драга моја Лено, среќен роденден, добредојде во тинејџерските денови, биди ни жива, здрава, внимателна, а полна со живот и љубов за другите…Знај дека си моја до крајот на времето, дека твоето срце чука покрај моето и затоа секогаш сме поврзани во радост и болка. Те сака твојата мајка“ заврши Гоца на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan) on

Останати вести од Радио Милева