Радио Милева
сеќавања

Гоца Тржан раскажа како дознала за смртта на Тоше Проески: „Не треси глупости, како починал?“

Гоца Тржан раскажа како дознала за смртта на Тоше Проески: „Не треси глупости, како починал?“
фото: принтскрин/инстаграм/ата имагес

Пејачката Гоца Тржан проговори за нашата музичка легенда, покојниот Тоше Проески со кој снимаше дует.

Имено, Гоца  и Тоше ја снимија песната “1200 милји“ која и ден денес се слуша.

Имено, таа се потсети на моментот кога дознала дека Тоше имал сообраќајна несреќа во која почина.

фото: Иснтаграм

„Само што се породив. Лена имаше 2, 3 месеци. Ми се јави другарка од Загреб и плаче“.

Таа ме праша: „Дали е точно дека почина Тоше?“, а јас и одговорив: „Не треси глупости, како починал“и таа ми кажа дека е вистина дека видела снимка како го извлекле од под камион кај Нова Градишка.

фото: прва.рс

„За жал тогаш не можев да отидам на погреб бидејќи имав мало бебе, тоа е голем стрес за мене“, изјави Гоца и додаде:

„Никогаш нема да заборавам кога отидов во Македонската амбасада да за запишам во книгата на жалости. После неколку години пеев во Прилеп, а спиев во неговиот роден град. Тогаш отидов во Музејот и на неговиот гроб. Некако се простивме ние. Имав привилегија кога ќе ја пеам „1200 милји“ да се случи нешто. Затоа мислам дека луѓето кои биле толку сакани и талентирани, никогаш не умираат“, изјави Тржан.

Потсетуваме, Тоше почина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска.

Останати вести од Радио Милева