Радио Милева

Гоца Тржан пред популарноста била продавачка на сладолед

Гоца Тржан пред популарноста била продавачка на сладолед
фото:гоца тржан/инстаграм

Во младоста, пред нејзината успешна музичка кариера, пејачката Гоца Тржан заработувала од продажба на сладолед.

За да има за џепарлак, Гоца работела како продавачка на сладолед на 18 години, пренесува „Курир старс“.

Таа на тој период и денес се сеќава.

фото:гоца тржан/инстаграм

– На летен распуст во 1992 година, решив да заработам пари, затоа отидов да работам преку младинската соработка. Бев мотивирана од многу неисполнети желби и сметав дека е најдобро ако ги направам сите потребни мали работи сама. Бев многу задоволна од работата особено затоа што можев да си дозволам многу задоволства за тогаш. Оттогаш, јас сум независна и никогаш не ги прашав моите родители за пари – изјави Гоца за медиумот.

Пејачката истакна и дека станува збор за непроценливо животно искуство.

– Најдоброто нешто што го научив тогаш беше што почнав да го ценам секој заработен денар, и мојот и оној на другите луѓе, и тоа е она што го одржувам до денес, рече Гоца.

Останати вести од Радио Милева