Радио Милева
формула за подмладување

Гоца Тржан ја откри животната тајна на својата втора младост: „Секс во 50-тите… најдобар е“! (ФОТО)

Гоца Тржан ја откри животната тајна на својата втора младост: „Секс во 50-тите… најдобар е“! (ФОТО)

Пејачката Гоца Тржан, која е во среќен брак со 14-годиши помладиот Радомир Новаковиќ Раша, открива дека, откако наполни 40 години и влегла во петтата деценија од животот, ужива уште повеќе да води љубов, иако претходно била убедена дека таквото уживање е резервирано за некои помлади години.

„На оваа возраст, сексот ми е подобар од кога и да било во мојот живот. Кога влегов во педесеттите години си помислив дека нема да биде така. Се водев од фактот дека во кревет ќе бидам најдобра во дваесеттите и триесеттите години. Бидејќи сум позрела, не се осмелувам да имам секс на јавно место, но тоа сакав кога бев помлада“ – призна Гоца во интервју за српски Телеграф и продолжи:

„Јас не преземам такви ризици, пред сè, затоа што ќерка ми порасна, и второ, не би сакала да ме фатат. Јас нормално разговарам со ќерка ми за овие работи затоа што сметам дека се важни, особено додека таа се развива. Родителите не им се посветуваат на своите деца во ваквите теми и тоа е проблемот. Затоа имаме толку многу абортуси колку што имаме. Раша вели дека не гледа порно, но верувам дека секој маж гледа, без разлика дали е оженет или не. Тој нема да го признае тоа, но сигурна сум дека тоа го прави“ – убедена е Гоца.

Инаку, пејачката и нејзиниот помлад сопруг веќе некое време го снимаат реалното шоу „Мојот совршен брак“, во кое не се двоумат да ги откријат ниту најинтимните работи од брачниот живот.

Една од најшокантните сцени беше кога Раша симулираше кучешка секс поза одзади, додека Гоца поднаведната ги вадеше тукушто испарните алишта од машината за перење.

Фото: Инстаграм принтскрин/gocatrzan/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева