Радио Милева
Навикната на сè

Гоца Божиновска за деновите поминати во сиромаштија: „Немав што да облечам, а кога ќе ми дадеа парче леб „пукав“ од среќа“

Гоца Божиновска за деновите поминати во сиромаштија: „Немав што да облечам, а кога ќе ми дадеа парче леб „пукав“ од среќа“
фото:гоца божиновска инстаграм

Пејачката Гоца Божиновска, иако денес живее во изобилство, во една прилика за српските медиуми призна дека нејзиното семејство едвај врзувало крај со крај кога била дете.

– Татко ми беше многу богат човек додека живееше во Македонија. Но, таму остави сè кога се ожени со мајка ми и кога се пресели во Србија. Тој имаше пет деца и сè им беше оставено на нив. Никогаш не прашав за тоа, не барав ништо ниту ме интересираше. Тука се снајдовме – рече таа еднаш за Курир.рс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Bozinovska (@gocabozinovska)

Како што истакна, таа често морала да се потпира на она што го добила од другите и била задоволна од ситници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Bozinovska (@gocabozinovska)

– Носев работи што ми ги даваа соседите, немав што да облечам. Одев на училиште наутро, а работев за некого попладне, и кога ќе ми дадат парче леб и намачкаат крем, сакам да „пукнам“ од среќа! Во текот на зимата јадевме компири, верувајте ми, сега не можам да ги видам компирите, ми се смачи. Затоа денес можам да преживеам со милиони, но и со еден динар затоа што сум навикната на сè – рече Гоца за растењето во сиромаштија.

Останати вести од Радио Милева