Радио Милева
Кај најдобриот

Го викнаа во Белград за да ги разубави: Сопругата на Саша Поповиќ и Вики Миљковиќ безрезервно му веруваат на овој Македонец (фото+видео)

Го викнаа во Белград за да ги разубави: Сопругата на Саша Поповиќ и Вики Миљковиќ безрезервно му веруваат на овој Македонец (фото+видео)
фото:вики миљковиќ/инстаграм принтскрин

Српската естрда за разлика од македонската, иако долго време владее криза поради пандемијата од коронавирус, таму создавањето на нови песни и спотови не е така ретко.

Деновиве во Белград спотови снимаа сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ и пејачката и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миљковиќ.

фото:инстаграм/зоран шурбевски

Иако кај поголемиот број српски музички ѕвезди ништо не поминува непланирано и има човек за сè во нивниот тим, кога станува збор шминката, тие овој пат без резерва довербата му ја препуштија на македонскиот стилист Зоран Шурбевски.

фото:инстаграм/зоран шурбевски

Тој отпатува до Србија каде се погрижи двете пејачки да изгледаат совршено, според нивните барања, но и темата од прикзната во спотот.

Зоран на Инстаграм објави неколку фотографии додека работеше со нив, а Вики Миљковиќ сподели и видео на споменатата социјална мрежа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)

Инаку, Зоран Шурбевски е еден од најдобрите шминкери кој редовно се грижи на изгледот на многу наши познати Македонки меѓу кои: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Миа Костова, Викторија Лоба и многу други.

фото:инстаграм/зоран шурбевски

На неговите вешки раце му верува и Лепа Брена која ја средуваше кога таа имаше концерт во Скопје.

Останати вести од Радио Милева