Радио Милева

Го споредија со Тоше Проески: Филип Пецовски повторно направи шоу во „Ѕвездите на Гранд“ (фото + видео)

Го споредија со Тоше Проески: Филип Пецовски повторно направи шоу во „Ѕвездите на Гранд“ (фото + видео)
фото: пшринтскрин/јутуб

Редовно ве информираме за нашите учесници во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ како и за нивните успеси во досегашното натпреварување.

Во последната емисија на музичкото шоу настапуваше и Филип Пецовски кој од првото појавување на сцената со неговата харизма го воодушеви жирито.

Тој настапи во дуел со кандидатот на Ана Бекута, Александар Гуте Маринковиќ.

Филип кој е под менторство на Јелена Карлеуша, се претстави со песните „Соба за тага“ од Тоше Проески и „Параноја“ oд Тропико  со што направи вистинско шоу на сцената на Гранд.

фото: Принтскрин/јутуб

По интерпретациите на двата кандидата, жирито гласаше, а Македонецот доби 3 гласа со што не помина директно туку отиде во бараж.

Вики Миљковиќ имаше само пофални зборови за Филип и истакна дека кај него било се како што треба.

И Саша Поповиќ упати комплименти на сметка на Пецовски истакнувајќи дека треба да се однесува на сцената.

„Верувале  или не, ти имаш во глас….нешто што е многу близу на Тоше. Ти се колнам на момент ќе затворам очи…јас сум во шок…Работи на тоа пеење, ти тоа го имаше. Не го игнорирај“ вели Ѓорѓе Давид.

фото: Принтскрин/јутуб

Шерифовиќ истакна дека навива за Филип и дека и на сцената треба да има некој кој што ќе ги забавува.

Филип од баражот помина во следниот круг.

Во емисија настапуваше и Елена Миленковска која за жал го напушти музичкото шоу за оваа сезона.

Како ќе се претстави Филип во следниот круг останува да видиме.