Радио Милева

Го прослави својот роденден: Колку години наполни Снеже Велков?

Го прослави својот роденден: Колку години наполни Снеже Велков?
фото: принтскрин/инстаграм/снежевелков

ТВ водителката и пилатас инструкторка Снеже Велков имаше убав повод за славење, односно нејзиниот роденден.

Кога станува збор за родендените, тоа се денови кога добиваме еден куп честитки, пораки исполнети со убави мисли и желби од оние најмилите, најблиските, до оние кои само ги познаваме и ни се пријатели на социјалните мрежи.

На тој датум може да добие и роденденски подарок, но и некое роденденско изненадување. Така, деновиве Велков наполни 37 години, а по тој повод доби утринско изненадување.

фото: принтскрин/инстаграм/снежевелков

 

Снеже на својот „Инстаграм“ објави фотографија од себе, а во описот напиша „Среќен роденден на мене“,а на својот „Фејсбук истакна дека сака уште да порасне.

„37 полни години! И уште чекам да пораснам! Само уште 7 сантими барем“ напиша водителката.

фото: принтскрин/инстаграм

Таа доби изненадување и од нејзините девојки кои одат на пилатас, а веднаш се пофали и на социјалните мрежи.

фото: принтскрин/инстаграм/снеже велков

фото: принтскрин/инстаграм/снеже велков

Велков имаме прилика да ја гледаме во емисијата „ВИП на еден ден“ каде што обичните луѓе или оние кои не можат да си дозволат скапи козметични третмани, фризерски, манекир, педикир или каков бил друг вид на услуга ќе може да станат „вип личности на еден ден“.

Таа редовно на социјалните мрежи споделува фотографии од снимањата и од направените трансофрмации.

фото: фејсбук

Веруваме дека Велков имала убав роденденски ден и дека го поминала во убаво расположение, но и дека роденденските желби ќе  и се исполнат.

Останати вести од Радио Милева