Радио Милева

Го покажа трудничкото стомаче: Бојана Скендеровски ќе стане мајка по вторпат (фото)

Го покажа трудничкото стомаче: Бојана Скендеровски ќе стане мајка по вторпат (фото)
фејсбук

Кон средината на 2017 година, пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски се оствари во улогата на мајка и на свет ја донесе својата прва ќеркичка Искра.

Сега веќе потпораснатото бебенце наскоро ќе добие братче или сестриче.

Имено, Бојана преку социјалните мрежи откри дека е бремена по вторпат, а веќе е кон средината на бременоста бидејќи нејзиното трудничко стомече веќе се познава.

Гордата и среќна мама позираше облечена во црвен фустан со животниски принт, држејќи го стомачето со рацете.

фото:фејсбук

За оваа неочекувана фотографија, од своите пријатели и следбеници Бојана доби илјадници лајкови и коментари со честитки и желби за лесна бременост.

фото:фејсбук

Дали носи машко или девојче, засега е непознато, но тоа и не е толку важно бидејќи во семејството ќе имаат уште еден мал ангел за кого ќе живеат и ќе се радуваат.

фото:фејсбук

Инаку, додека Бојана беше бремена со Искра, таа не сакаше јавно да ја покажува својата блажена состојба бидејќи како што изјави во едно интервју, посакувала мирна и тивна бременост без многу медиумска помпа.

Честитки до мама и тато!