Радио Милева

Го нарекуваат машка Јелена Карлеуша, а еве што мисли Ѓорѓе Давид за македонскиот претставник во „Ѕвездите на Гранд“

Го нарекуваат машка Јелена Карлеуша, а еве што мисли Ѓорѓе Давид за македонскиот претставник во „Ѕвездите на Гранд“
фото: принтскрин/инстаграм/филиппецовски

Не остануваат уште многу емисии до крајот на сезоната на „Ѕвездите на Гранд“, а финалето е закажано за 20 јуни.

Во финалната емисија ќе се борат 16 кандидати, а меѓу нив и четири претставници од Македонија кои ќе се борат да го освојат првото место.

Ова година посебен белег остави Филип Пецовски од Скопје, кој кога и да се појави на сцената прави вистински хаос.

фото: Принтскрин/инстаграм/филиппецовски

Уште на почетокот на шоуто, публиката и жирито паднаа во транс со негово претставување и многумина го сметаат за вистински шоумени и му предвидуваат блескава иднина.

фото: принтскрин/инстаграм/филипепцовски

Филип заедно работи со Јелена Карлеуша и Ивана Петерс, а деновиве се подготвува за големото финале.

Ѓорѓе Давид кој оваа година е дел од музичкото шоу и ментор на неколку кандидати, го прокоментира токму Филип.

„Тој вид на оригиналност, не може никој да ја носи на Балканот, без оглед на тоа дали снимил порно филим или не. Пецовски е момче кое е многу талентирано и физички подогтвен. Меѓутоа, мора треба да поработи на дишењето, бидејќи најтешко е да се биде активен и да се пее“ вели Ѓорѓе.

Останува да го следиме музичкото шоу и да видиме како нашите кандидати ќе се претстават во финалето.

За потсетување, Ристе Ристески е единствен Македонец кој досега победи во музичкото шоу.

Останати вести од Радио Милева