Радио Милева

„Го молев Господ да ми ја чува психата“: Лепа Брена по 19 години проговори за болна тема

„Го молев Господ да ми ја чува психата“: Лепа Брена по 19 години проговори за болна тема
фото: Драгана Удовиќиќ

Лепа Брена во едно интервју проговори за најтешките моменти од својот живот, а еден од нив е и киднапирањето на нејзиниот син Стефан Живојиновиќ.

Поминаа 19 години од таа немила случка, а Лепа Брена откри како го преживеала тој период.

„Се навикнав проблемите да не ги ставам под килим. Мислев дека ќе полудам со паметот и дека никогаш повеќе нема да бидам нормална личност. Во животот никогаш не ми се случило ништо пострашно и поболно. Имавме разни методи со кои како семејство се вративме во нормала. Во денешно време, во медицината се можете да промените, да го промените срцето, мозокот…Но, кога психата ќе се наруши многу е тешко да се вратите во нормала“ вели Брена и додава:

фото: Небојша Мандиќ

„Го молев Господ да ми ја чува психата. Се молев за сите нас, кога моето дете ќе се врати да нема психички проблеми. Не сакам во детали бидејќи тоа е приказна која нема крај. Таа рана е добро сошиена. Добро сошиена, нема да пукне и да крвари. Но, остана болка во душата за која нема лек. Можете само да продолжите да живеете, да имате многу обврски и да сфатите дека животот има добри и лоши моменти. Боба и јас и целото моето семејство сме среќни што моето дете е живо и здраво. Сакам да си го пронајде своето место бидејќи заслужи со својата доброта“ вели пејачката.

За потсетување, синот на Брена неодамна заплива во музичките води.

Останати вести од Радио Милева