Радио Милева

Го хранела кога бил сиромашен: Мајката на Киа Коцкар проговори за Душко Тошиќ

Го хранела кога бил сиромашен: Мајката на Киа Коцкар проговори за Душко Тошиќ
Foto: Damir Dervišagić, Marina Lopičić

Надица Зељковиќ, мајката на Киа Коцкар се потсети на деновите пред две децении кога му помагала на еден од најуспешните фудбалери Душко Тошиќ.

За потсетување кон крајот на 2018 година, Јелена Карлеуша во емисијата „Амиѓи шоу“ откри дека престанала да ја коментира Киа Коцкар во оној момент кога Душко и кажал дека нејзината мајка го хранала во ресторан во близина на  Дом за деца без родителска грижа.

„Тој имаше 17-18 години кога доаѓаше овде бидејќи во 2002 година се пресели во Белград. Тој се хранеше овде. Јас не бев запознаена со неговата материјална состојба и сите ги гледав како свои деца. Тој беше убаво, фино момче. Јас кога ќе дојдев сите беа гладни спортисти„ вели мајката на Коцкар и додава:

„Фудбалскиот клуб дозволи спортистите да се хранат овде. Ова е спортски ресторан во склоп на стадионот. Тука сите доаѓаа да се хранат и го запаметив. Кон нив се однесував како да се мои деца. Тој мене сигурно ме запамети по оброкот кој во тие млади денови многу им значи“ вели Надица.

FOTO: DAMIR DERVIŠAGIĆ

Таа истакна дека била среќна кога Јелена ја раскажала приказната за нејзиниот сопруг.

„И благодарам на Јелена што тоа јавно го кажа. Многу ми е драго што се сети. Многу се расплкав и го гледав видеото неколку пати. Секоја чест и на Јелена што го почитува. Како што вели Киа „Колку Јелена го почитува Душко кога во јавност раскажа нешто убаво“ вели Надица.

Таа исто така потенцираше дека Душко бил омилен и во друштвото.