Радио Милева

Главен во „Гранд“: Ристе Ристески и се „залепи“ на кумата на Дарко Лазиќ (фото)

Главен во „Гранд“: Ристе Ристески и се „залепи“ на кумата на Дарко Лазиќ (фото)

Ристе Ристески на македонската јавност ни стана познат со неговото учество во регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што успеа и да победи по бројот на гласовите на публиката.

По победата, Ристе се врати во родниот Охрид, но продолжи со музички ангажамни во Македонија и регионот.

Исто така, тој така ја сними својата прва песна „Добро јутро тајно“.

Меѓутоа, Охриѓанецот одлучи да направи чекор понапред во својата кариера и се пресели во Белград каде што планира да живее и да гради музичка кариера.

foto: Printscreen

Неодамна, во едно интервју тој истакна дека досега не се преселил бидејќи имал закажни настапи во Македонија, но и дека во Белград ќе му биде полесно да се посвети на музиката.

По преселувањето во главната српска метропола, Ристески започна со гостување по емисии.

foto; printscreen

Тој истакна дека планира да остане подолго време во Белград и дека планира да купи стан.

„Ми годи што сум тука. Веќе помина еден месец и многу бргу ми поминува време“ истакна Ристе.

 Македонецот беше гостин во емисијата „Хало, хало“, а покрај него гостинка беше и Андреа Чекиќ, кумата на Дарко Лазиќ.

Ристе ја искористи приликата да направи селфи со познатата српска пејачка, па го објави на кратките приказни на „Инстаграм“.

Како Ристески ќе се снајде во Србија и во светот на шоубизнисот останува да видиме.