Радио Милева
лажен акаунт

„Гласајте за Левица и ќе го тргнам овој нееволуиран хомосапиенс од планетава земја…“: Политичарот Апасиев му се закани на траперот Стар Бој? (ФОТО)

„Гласајте за Левица и ќе го тргнам овој нееволуиран хомосапиенс од планетава земја…“: Политичарот Апасиев му се закани на траперот Стар Бој? (ФОТО)

Новиот македонски трап артист, Македонецот кој живее во Париз, а тргна да прави интернационална кариера и таму, но и во Македонија и регионот под уметничко име Стар Бој (Star Boy),  преку ноќ ја стекна својата медиумска популарност, но очигледно не само со своите песни, музика и видеоспотови и темите од суровата реалност кои во нив ги третира.

Имено, додека песните тукушто почнуваат да му се вртат по радиостаниците, а видеоспотовите по телевизиите и Јутјуб, на социјалните мрежи Стар Бој веднаш почна некому да боде очи! Ако е на конкуренцијата би било сосема нормално, зашто колку и да е здрава, конкуренција никој не трпи, па  иако не е ниту коректно ниту етички, можеби е сепак логично да има и по некој збор што не треба или „валкани игри“ за да се „оцрни“ конкурентот. Но кога за тебе, твојот лик, личност или музиката што ја правиш отворено ќе се произнесе со недолични зборови политичар и тоа од парламентот, кој еден ден претендира да биде власт, тогаш, работите некаде не штимаат?! Или музички или политички… Некој не е достоен за професијата што ја избрал? Или можеби, не е баш така?

Имено, веднаш по објавувањето на втората песна на Star Boy и спотoт наслов „Mad“ (Луд), на Јутјуб каналот, под видеото се појавија разни коментари. Публиката и народот имаат право на свое музичко или какво и да е мислење, иако многумина тоа право, неретко го злоупотребуваат. Но кога тоа ќе го направи познат млад политичар, при тоа уште и професор, работите излегуваат од контрола.

А токму под споменатото видео се појави наводен коментар на никој друг, туку на лидерот на политичката партија „Левица“, професорот Димитар Апасиев:

Траперот јавно не реагираше, иако био имал полно право на тоа, но затоа пак експресно реагираше политичарот, односно професорот… На својот Фејсбук профил и тоа бурно, во негов стил. Зашто некој не само што му го украл идентитетот, туку и му го злоупотребил. И тоа најдолно и најпримитивно, за лични навреди кон многумина, меѓу кои и кон музичкиот артист!

А професорот не му остана должен на „арамијата“, па му порача, онака жестоко, „без влакна на јазикот“, како што Апасиев неретко знае да возврати:

Познавајќи го професорот, типот навистина… „ќе го папа“! Кој и да е! За лажно преставување… А и за памет… Па да видиме, кој е овде луд, а кој… параноичен?!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева