Радио Милева
Минимализам

Гламур, светли бои и луксуз: Емина Јаховиќ го покажа новиот дом (фото)

Гламур, светли бои и луксуз: Емина Јаховиќ го покажа новиот дом (фото)
фото:емина јаховиќ/инстаграм принтскрин

Пејачката Емина Јаховиќ покажа како изгледа нејзиниот нов дом.

Имено, таа откри како изгледа нејзината оаза на мирот, која ја украсуваше со месеци избираше мебел и детали сè да биде на свое место.

фото:инстаграм принтскрин/емина

Сивата, крем, белата и златната боја се боите што преовладуваат во нејзините простории. Таа го потенцираше луксузот со минимални детали.

фото:инстаграм принтскрин/емина

Пејачката неодамна откри дека нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал не плаќал алиментација за неговите синови Јаман и Јавуз 26 месеци.

фото:инстаграм принтскрин/емина

– Мустафа не плаќаше алиментација за нашите синови Јаман и Јавуз повеќе од две години. Сите одговорности ми преминаа на мене. Требаше да купи куќа во Белград, но не го стори тоа. Имавме и договор за покривање на детското здравствено осигурување. Денот кога се чувствував најлошо беше кога ги однесов децата на лекар и дознав дека не им е платено здравствено осигурување – изјави неодамна пејачката за „Стори“.

Останати вести од Радио Милева