Радио Милева

Ѓорѓе Давид повторно заврши во болница

Ѓорѓе Давид повторно заврши во болница
фото: ата имагес

Пејачот Ѓорѓе Давид откако оздраве од корона, се соочи со нов здравстен проблем.

Имено, тој ја скрши ногата кога гостуваше во утринската програма на „Хепи“ телевизија поради што пејачот веќе шест недели имаше гипс на ногата.

Пејачот повторно беше во болница за да го отстранат гипсот.

фото: Инстаграм

„Го симнаа гипсот од ногата затоа бев на Ургентен. Толку сум среќен што сега ќе одам да се напијам. Ќе нарачам виски иако не пијам“ изјави рокерот за медиумите и додава:

„Сега следува физикална терапија и зајакнување на ногата бидејќи по 6 недели не е лесно да се движиш“.

Останати вести од Радио Милева