Радио Милева
во сериозна здравствена состојба

Ѓорѓе Балашевиќ итно пренесен на Инфективната клиника во Белград

Ѓорѓе Балашевиќ итно пренесен на Инфективната клиника во Белград

Пејачот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ (66) бил итно примен на Инфективната клиника во Белград откако развил пневмонјиа. Тој десетина дена се лечел дома од воспаление на белите дробови, но сега состојбата му се влошила, пишува порталот Нова.рс.Сепак во објавата не е наведено дали пневмонијата на славниот „панонски морнар“ е резултат на зараза од Ковид-19 или се работи за сезонски грип или обична настинка?!

Инаку, Балашевиќ пред две години преживеа инфаркт, по што  му беа вградени неколку стента. И заради возраста и заради претходната здравствена состојба тој спаѓа во ризичната група на лица, кои ако се заразат со корона тешко ја надминуваат инфекцијата, пишува порталот.

Останати вести од Радио Милева