Радио Милева

Мира Шкориќ ги надмина неговите очекувања: Македонскиот кандидат од „Ѕвездите на Гранд“ откри како поминал првиот менторски час

Мира Шкориќ ги надмина неговите очекувања: Македонскиот кандидат од „Ѕвездите на Гранд“ откри како поминал првиот менторски час
фото: Инстаграм

Во најновата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има неколку македонски учесници, веќе некои добро познати од претходните сезони, а некои кои првпат стапнуваат на сцената на „Гранд“.

Во првиот круг настапуваше и македонскиот кандидат Марио Арангеловски од Куманово кој при првата негова интерпретација направи вистинско шоу  и од жирито доби четири гласа, а за ментор ја одбра Јелена Карлеуша.

Марио во едните свои излагања на „Јутуб“ истакна дека сакал Јелена да му биде ментор, а доколку не се случило тоа истакна дека можеби ќе се откаже од шоуто. За среќа, желбата му се исполни, па сега Марио ќе треба да се подготвува за новиот круг.

фото: принтскрин/јутуб

Имено, пред некој ден Арангеловски тргна за Белград каде заедно со тимот на Јеца, односно Мира Шкориќ го имаше првиот менторски час на кој бираа песни за вториот круг.

Марио истакна дека трипати го враќале и дека пробите траеле до раните утрински часови, но дека конечно се договориле кои песни ќе ги пее.

фото: Инстаграм

Исто така, во новиот влог на „Јутуб“ тој истакна дека Мира ги надминала неговите очекувања односно дека тој мислел дека првиот менторски час ќе помине набрзина и дека нема многу да се замараат.

Арангеловски објасни дека Мира потполно им се посветила и не ги пуштила да си одат додека не одредиле со кои песни ќе се подготува за следниот настап.

Како Марио ќе се претстави во следниот круг и дали повторно ќе го освои жирито останува да почекаме до јануари.

Останати вести од Радио Милева