Радио Милева

Гастоз и се намерачи на екс-сопругата на Даниел Кајмакоски, а и таа за него имаше понуда која го изненади

Гастоз и се намерачи на екс-сопругата на Даниел Кајмакоски, а и таа за него имаше понуда која го изненади
фото:кристина димитриевска/инстаграм

Можеби за нејзиниот деби сингл „Сакам пак“, не се зборува многу ама затоа кога се во прашање нејзините атрибути и телесен раскош, тогаш за манекенката, фитнес инструкторка и пејачка во обид, Кристина Димитриевска, се крева прашина.

Екс- сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски стана поакуелна и од нејзиниот порашен животен сопатник, иако тој има далеку поголем естраден багаж од неа.

Додека беше во брак, Кристина целосно се дистанцираше од социјалните мрежи, а сега како слободна жена секој миг го костисти за да биде што позастапена и во контакт со следбениците и обожавателите. Таа не ретко знае да се вклучи во живо на Инстаграм и да долови како го минува секојдневието.

фото:кристина димитриевска/инстаграм

Деновиве тоа го направи од еден шопинг центар во Скопје каде беше заедно со братучетка, па откри дека по оброкот од брза храна со кој се наследувале, ќе одат во кино и ќе го гледаат новиот „Џокер“.

Додека пиеше сокче и одговараше на поставените прашања од оние што ја гледаа во моментот, се приклучи и српскиот пејач и ријалити учесник, Ненад Маринковиќ-Гастоз.

фото:кристина димитриевска/инстаграм

Тој најпрвин и поласка на Кристина и ја покани во Белград, а и таа не му остана должна, па го покани да одат заедно на кино. Тој и возврати дека не очекувал ваква понуда да добие преку Инстаграм, но што е, тука е.

фото:гастоз/инстаграм

Откако ова го видоа и прочитаа останатите, и поставија прашање од каде се знаат со Гастоз, но Кристина беше мистериозна и одговори дека тоа ќе го открие во некоја друга прилика кога и двајцата ќе бидат заедно.

фото:гастоз/инстаграм

Инаку, за тоа дека Гастоз и „фрлил мерак“ се пишуваше во медиумите и кога тој и поласка за разголените фотографии каде таа позира во долна облека.

Останати вести од Радио Милева