Радио Милева

(Галерија) Ја „урнаа“ кафеаната: Тамара и Мачка славеа со мекици за Дарен – мама се фати за микрофон, а тато ја искина кошулата

(Галерија) Ја „урнаа“ кафеаната: Тамара и Мачка славеа со мекици за Дарен – мама се фати за микрофон, а тато ја искина кошулата
фото:инсатаграм

Поминаа речиси две недели откако пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар странаа родители на своето второ дете –синчето Дарен.

Додека Тамара беше во болница, тато Мачка само симболично уште истиот ден ги собра пријателите во кафеана за да ги почести, но како што претпоставме, за Дарен  подготвувале голема прослава со мекици на која ќе биде присутна и мама Тамара.

Па така, вчеравечер среќното семејство ја собра естрадата, спортистите, колегите, роднините, соработниците, пријателите… на голема прослава на која се пееше, пиеше и славеше за наследникот на Тамара и Мачка.

Меѓу гостите се најдоа: Лила Филиповска, Катарина Ивановска, Сергеј Варошлија, Перо Антиќ, Стојанче Стоилов, Миа Костова и многу други…

За забавата беа задолжени група „Маестро“, но главна на микрофонот беше среќната мама Тамара која пееше од народно до забавно, а пак Мачка повторно ја искина кошулата како кога славеше за доаѓањето на Хана.

Каква беше атмосферата поогледнете од галеријата во продолжение со фотографии кои го преплавија Инстаграм.

фото:инсатргам