Радио Милева

Фустан од проѕирна тантела, а под него танга на мегдан: Лила во роденденски изглед за паметење

Фустан од проѕирна тантела, а под него танга на мегдан: Лила во роденденски изглед за паметење

Досега сме виделе многу секси изданија на ТВ водителката Лила Филиповска, но никогаш  така провокативно како досега, ако не ги сметаме појавувањата во бикини.

Имено, Лила вчеравечер беше гостинка на роденден, а по тој повод се подготви специјално.

Црниот фустан е безвременски, па затоа избра непогрешлива варијанта на црн коктел фустан од тантела – транспарентна.

Впечатливоста однапред ја имаа нејзините бујни гради, додека одзади, тоа беше глетка приказна сама по себе.

A post shared by @lilafilipovska on


Фотографијата на која позира заедно со својот пријател Сергеј Варошлија ја објави на социјалните мрежи, секако свртена одзади, бидејќи она највпечатливото беше таму.

Ваквата појава ги изненади нејзините следбеници на Инстаграм кои освен многуте допаѓања, оставија и по некој коментар пред се изненадени од храброста на Лила.