Радио Милева

Франц со ќеркичката во рацете и честиташе годишнина од бракот на сопругата (фото)

Франц со ќеркичката во рацете и честиташе годишнина од бракот на сопругата (фото)
фото:принтксрин/фејсбук

Македонскиот музичар и некогашниот гитарист на групата „Нокаут“ – Владимир Крстевски- Франц, веќе со години е надвор од Македонија и живее со својата сопруга Ема во Калифорнија.

Пред речиси пет месеци, Франц и Ема станаа родители за првпат и ја добија наследничката на која и го дадоа најмузикалното име – Мелоди.

фото:принтксрин/фејсбук/ема џо франц

Денес нивната наследничка е веќе потпораснато бебенце, а тато држејќи ја во рацете и честиташе годишнина од бракот на мама и неговата сакана, убавата Ема.

-Ја користам оваа прилика да и честитам 5 години брак на Ема Џо Франц! Среќна годишница од мене и Мелодика. Те сакаме најмногу!, пишува тато Франц кој пред пет години правеше свадба во еден скопски ресторан каде присуствуваа голем број ѕвезди од македонскиот шоу-бизнис.

фото:принтксрин/фејсбук/ема џо франц

Останати вести од Радио Милева