Радио Милева
во името на музиката

Франц – бившиот член на „Нокаут“ стана татко, а девојчето доби музичко име (ФОТО)

Франц – бившиот член на „Нокаут“ стана татко, а девојчето доби музичко име (ФОТО)

Македонскиот музичар, некогашниот гитарист и еден од основачите на групата „Нокаут“ – Владимир Крстевски- Франц,  веќе со години е надвор од Македонија и сега живее со својата сопруга Ема во САД.

Пред само неколку дена Франц и Ема станаа родители. Музичарот стана татко, откако неговата сакана на свет ја донесе прекрасната ќеркичка, која доби мошне необично име, музичко име.

Среќниот татко на својот Фејсбук профил објави дека на први јуни, неговата сопруга Ема ја родила нивната ќеркичка која се вика Мелоди!

„На 1 јуни се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. И посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно за убавите честитки“ – напишал Франц покрај објавената фотографија на нивната принова.

На прекрасната мала убавица нема дилема, и припаѓа најмузикалното име на светот. Останува само да видиме дали и животната определба на малата Мелодија ќе и биде во духот на името, па и таа ќе тргне постапките на татко и? Како и да е, честитаме!