Радио Милева

Фотографија стара 33 години: Вака изгледаше Наоми Кемпбел на почетокот од кариерата, а тешко дека би ја познале (фото)

Фотографија стара 33 години: Вака изгледаше Наоми Кемпбел на почетокот од кариерата, а тешко дека би ја познале (фото)
фото:инсатграм/наомикемпбел

-Рекоа дека ќе траам само 11 години, а денес славам 33 години во модниот свет! Се чувствувам благословено и благодарно на Бога.

Никогаш не помислив дека ќе дојде ден кога ќе пренесам таква порака на социјалните мрежи!- напиша Наоми Кемпбел на својот Инстаграм профил по повод годишнината од кариерата која ја слави.

Британската манекенка наскоро ќе наполни 49 години. Неоми во пораката се заблагодари на својата мајка валери Мори со зборовите:

фото:инсатграм/наомикемпбел

-Ти благодарам што веруваше во соништата на тригодишна и допушти да бидам јас. Твојата љубов и поддрршка ми дадоа поттик да продолжам низ добрите и лошите моменти. Те сакам мамо!- пишува Наоми.

Убавата манекенка се заблагодари на семејството и пријателите, а за својата работа и односот кон истата вели:

фото:инсатграм/наомикемпбел

-Одам од авиони до бродови, од град во град, секојдневно и постојано работам. Пријателите секогаш ми велат да успорам и одморам, но јас сум во точка на својата кариера кога мојата визија е кристално јасна и сега сум на мислија. Мисија која ја негува новата и следната генерација. Мисија која гарантира моја индустрија – модна индустрија – место кое е разнолично и со еднакви можности, а јас сум на мисија да ја променам приказната и перцепцијата на големиот африкански континент!

Верувам дека ќе се одморам кога Бог тоа ќе го посака, до тогаш ќе продолжам! – завршува Наоми Кемпбел.