Радио Милева

Фотографии како од разгледница: Ова е летниот избор за релаксација на домашен терен за Ирена Спировска (фото)

Фотографии како од разгледница: Ова е летниот избор за релаксација на домашен терен за Ирена Спировска (фото)
фото: инстаграм

Поради рестриктивните мерки за коронавирусот, излегувањето од државата за ова лето 2020-то е ограничено.

Изборот на многумина е релаксација и разладување во топлите денови на домашен терен, а најчест избор се: Охрид , Дојран и Маврово.

Така многумина од нашите познати, го искористија слободното време да уживаат на некоја плажа на домашен терен.

Македонската водителка Ирена Спировска добро познато е дека секогаш кога има прилика планинари или пак  вози велосипед.

фото: Инстаграм/иренаспировска

Меѓутоа, овој пат Ирена замина да ги наполни батериите во нашиот македонски бисер –  Охрид.

Водителката отаму сподели неколку фотографии кои ќе се согласите дека се прекрасни и наликуваат на разгледница.

фото: Инстаграм/иренаспировска

Фотките  од езерото, од зајдисонцето, од плажата се вистински рај за очите, а секој би посакал за момент би посакал да се најде таму и да ужива во убавините на домашен терен.

Останати вести од Радио Милева