Радио Милева

(ФОТО) Жена огнена: Тијана Дапчевиќ го сопре сообраќајот во Белград по долна облека среде улица!

(ФОТО) Жена огнена: Тијана Дапчевиќ го сопре сообраќајот во Белград по долна облека среде улица!

Деновиве сестрите Тијана и Тамара пријатно ги изненадија своите обожаватели.

Тамара изработи нова фотосесија за која колешките од естрадата доста ја испофалија, но ништо покуса не остана ниту нејзината сестра Тијана Дапчевиќ која можеби приреди поголемо изненадување од сестра си.

Горе-долу, за Тамара некако сме навикнати да ја гледаме во сексапилни и женствени изданија, но Тијана го претпочита андрогениот изглед, па поретко може да ја видиме во некое дамско, а уште помалку во разголено издание.

Но, деновиве и тоа се случи, па и таа реши да покаже повеќе кожа и тоа за потребите на еден српски магазин.

Тијана позираше среде улица во жешка комбинација од црна долна облека, а врз неа раскопчан капут.

Ако не беше музичар, Тијана дефинитивно би требало да биде манекенка, се сложувате?