Вип Арената Борис Трајковски е местото каде вечерва, четврток (22.02) ќе се случи 21-то издание на „Златна Бубамара“ на популарноста.
Уште пред да паднат многу солзи од смеа, сестрите Тијана и Тамара преку Инстаграм открија дел од вчерашната проба, а со тоа и покажаа на јавноста дека годинава ќе има прилика да ги види заедно на сцената од оваа манифестација.

Уште пред да започне шоуто на сцена, сестрите решија самите да си ја направат пробата забавна, па додека октет „Македонија“ го пробуваше својот настап, Тијана и Тамара се фатија една до друга и завртија оро.

-„Оп цуп„, напишаа во описот на „кусите приказни “ Инстаграм , а од приложеното се гледа дека забавата како и секоја година ќе ја има во изобилство.

Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.