Радио Милева

(ФОТО) Убавица: Ќерката на Кетрин Зета-Џонс е копија на својата мајка

(ФОТО) Убавица: Ќерката на Кетрин Зета-Џонс е копија на својата мајка

Вчеравечер во Њујорк се одржа уште една ревија во рамките на модното шоу “Dolce & Gabbana Women’s Couture Fashion”, a помеѓу славните гости беше и ктерката Кетрин Зета-Џонс која последните неколку месеци е во центар на вниманието поради нејзиниот нов филм.

Актерката е позната и како сопруга на 25 години постариот актер Мајкл Даглас, а таа и во петтата деценија воодушевува со својот изглед, но вчеравечер таа останала во сенка поради нејзината прекрасна ќерка Карис.

 

 

Карис има само 14 години, но вчера дефинитивно не изгледала така, а девојките блескале во црни модни комбинации и беспрекорна шминка. 48-годишната Кетрин се одлучила за црн провиден фустан со корсет, додека нејзината ќерка блесна во интересен црн комбинезон.

Фотографиите се уште еден доказ дека Карис е верна копија на својата мајка.