Радио Милева

(ФОТО) Сузана Гавазова без шминка во непрепознатливо издание на скопскиот аеродром

(ФОТО) Сузана Гавазова без шминка во непрепознатливо издание на скопскиот аеродром

Фолк пејачката Сузана Гавазова на своите настапи и на социјалните мрежи секогаш можеме да ја видиме со шминка на лицето, а многу ретко во природно издание, барем не онакво како ова сега.

Имено, Сузана често знае на социјалната мрежа Фејсбук да се вклучи во живо и на своите пријатели и следбеници да им ја открие својата музичка агенда со настапи.

Овој пат во едно опуштено  издание од скопскиот аеродром, без шминка на лицето и подготвена за патување, го вклучи мобилниот и почна да се снима.

На оние што ја гледаа им појасни дека чека авион за Германија каде ќе пее на хуманитарен концерт заедно со својата поранешна група „Пицикато“.

Откако веројатно не и се допадна како изгледа без шминка на телефонската камера, ги стави очилата за сонце и кажа дека така е подобро.

Сепак, за пофалба е тоа што Сузе пред својата публика е отворена за комуникација, па дури и кога не е скоцкана од глава до пети.