Радио Милева

(ФОТО) Сериозно заболување: Марјана ја откри терапијата од која се зема загрижувачка доза за побрзо лекување!

(ФОТО) Сериозно заболување: Марјана ја откри терапијата од која се зема загрижувачка  доза за побрзо лекување!

Македонската Лото девојка и модел, Марјана Станојковска е една од поактивните јавни личности на социјалните мрежи, а тие како и на многумина се секојдневна „храна“ без која не почнува, а ниту завршува едно секојдневие.

Но, барем е свесна за тоа колку виртуелните профили навлекуваат и колку сериозно повеќето од нас се како заразени од оваа секојдневна навика.

Речиси и да нема таков или пак останаа малкумина кои не се активни корисници на Фејсбук, Инстаграм, Твитер…како и правењето на популарното „селфи“ кое е најчесто објавувана активност на нив.

Марјана и тоа како е свесна за оваа манија и тоа дека како неа, така и на другите им е потребна терапија за лекување или барем за ублажување на симптомите.

Препишаната терапија за одвикнување е поголема за жени, отколку за мажи.

Па така, на припадниците од посилниот пол им треба внесување од една таблета дневно, додека на жените, дури по пет.

Очигледно Марјана Станојковска се најде во оваа категорија на инфицирани од „селфи“ вирусот, па терапијата им ја препорача на нејзините следбеници и следбенички, каде ако не, туку на Инстаграм.