Радио Милева

(ФОТО) Се ожени, па замина на Флорида: Килограмите драстично го сменија Дарко Илиевски!

(ФОТО) Се ожени, па замина на Флорида: Килограмите драстично го сменија Дарко Илиевски!

Брачниот живот тотатлно го смени поп-пејачот Дарко Илиевски и територијално ама и во обем.

Тој заедно со својата сакана Ивана веќе извесен период живеат на Флорида, каде некогаш живееше таткото на невестата.

Дека тазе зетот ужива во животот, покажуваат бројните фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи, а од кои евидентно е дека драстично се промени- најмногу во килограмите.

Tezok zivot u pm 🙂

A post shared by Darko Ilievski (@ilievskidarko) on

Имено, уште додека беше во Македонија, Дарко реши да го намали вишокот, па често трошеше калории во теретана, но сега на американско тло како да подзаборавил на тоа и повеќе му годи само да ја апсорбира храната, која кога е зачинета со многу љубов, е уште послатка.

A post shared by Darko Ilievski (@ilievskidarko) on

 

На една од поновите фотографии позира качен на велосипед, но е речиси непрепознатлив.

Токму оваа фотографија го натера Панчо ДНК да му напише дека е „ослабен во колената“, а и самиот тој се пошегува на своја сметка и му возврати дека можеби симнал нешто во ушите.

Инаку, Дарко Илиевски и Ивана се венчаа во октомври 2016 година, но за нивната врска претходно се знаеше многу малку во јавноста.