Радио Милева

(ФОТО) Прва фотографија на Владо Јаневски по веста дека е болен и тоа во друштво на бугарска старлета

(ФОТО) Прва фотографија на Владо Јаневски по веста дека е болен и тоа во друштво на бугарска старлета

На почетокот од месец јуни на стадионот на АРМ требаше да се случи концертот на Владо Јаневски по повод 25 години од неговата соло кариера.

Но, неколку недели пред одржувањето, продукцијата која стоеше зад организацијата на настанот се огласи дека концертот е одложен за наесен поради здраствената состојба на пејачот.

Оттогаш не помина многу време, но не се појавија информации во медиумите за тоа што се случува со Владо и каква е неговата состојба.

фото:1 тв

Но според фотографијата која деновиве се појави во интернет просторот, Владо изгледа одлично.

Насмеан, свеж и енергичен во друштво на познатата бугарска старлета и танчарка Стела Тејлор.

Причината за нивната средба засега е непозната, а она што се знае е дека Стела пред неколку години настапуваше по скопските дискотеки со својот жежок танц.

фото:1 тв.мк